Полициски службеници од ОВР-Гостивар вчера во 16.00 часот го лишиле од слобода С.Б.(45) од Гостивар, осомничен дека извршил тешка кражба, при што од деловен објект на Ш.А.(31) од гостиварско Форино одзел пари.

Од МВР денеска соопштија дека одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2023 10:38