Резултатите од најновата анкета на Националниот демократски институт покажа дека веќе не е прашање кој ќе победи на следните парламентарни избори туку колкава ќе биде разликата.

Исто така, таа ни покажува зголемување на рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ а пад на рејтингот на владеачките СДСМ и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ според анкетата на Левичарскиот американски институт НДИ има раст од 4% додека СДСМ и ДУИ пад од речиси два проценти во споредба со анкетата направена во месец февруари и март, а објавена минатиот месец.

Тогаш за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 17% од испитаниците додека според новата анкета за опозицијата сега би гласале 21,5% од анкетираните. Пад на рејтингот се забележува во владината коалиција, особено изразен кај албанскиот партнер ДУИ.

Висок е бројот на граѓаните кои не знаат но и на оние кои не сакаат да одговорат кому ќе ја дадат поддршка. Искуството вели дека оние 8-5 отсто кои одбиваат да се изјаснат се претежно опозициски гласови кои од страв не се изјаснуваат во анкетите.

Висока е бројката и на оние кои сметаат дека земјата се движи во погрешна насока (56 отсто) наспроти оние што сметаат дека се движиме во вистински правец.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2023 04:48