Американското списание „Ју-Ес њус ворлд рипорт“ (US News & World Report) состави листа од 10 градови во Европа каде што пензионирањето и животот потоа се прифатливи, удобни и возбудливи.

Така, најдобри градови се Тавира и Каскаиш во Португалија, Париз и Анеси во Франција, Пафос на Кипар, Округот Клер во Ирска, Пополи во Италија, Валета во Малта, но и Љубљана во Словенија и Котор во Црна Гора.

Говорејќи за Љубљана, се вели дека главниот град и „срцето“ на Словенија, е блиску до брегот на Средоземното Море, а има и бројни скијачки центри, како современ, модерен град со сите погодности на 21 век, но со шармот на еден мал град.

Котор, пак, е опишан како место опкружено со високи планини и Јадранското Море. Покрај природните убавини, се посочува и оти овој град е под заштита на УНЕСКО и е еден од најдобро сочуваните градови на Средоземјето. Посебно се истакнува и младешката енергија на гратчето, како безбедно и гостопримливо место, слично со помалите градови во Италија, само со попристапни цени.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2023 18:23