Фудбалерот на Вест Хем, Емерсон стана првиот играч во историјата кој освоил пет различни европски натпреварувања на сениорско ниво.

Синоќа „чеканите“ ја совладаа Фиорентина со 2:1 во финалето на Конференциската лига.

Претходно Емерсон го освои Евро 2020 со Италија во 2021 година и ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА со Челзи. Во 2019 година, Италијанецот ја освои Лигата на Европа со сините.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2023 16:14