Почина 47 - годишната жена што беше тешко повредена во сообрајката во тунелот кај Демир Капија.

- Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на настанот и ќе нареди сообраќајно вештачење за да се утврдат причините на несреќата. Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена - возач која била сама во автомобилот, велат од Обвинителството за МИА.

Претходно, од СВР Велес потврдија за МИА дека денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2023 16:07