Слободан Блажевски, претседател на Комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на тема култура и туризам што се одржува во Охрид рече дека туризмот е една од основните гранки за развој на Македонија и полнење на Буџетот.

„Сега туризмот се сведува на сектор во министерство и го води кадар на ДУИ“, рече Блажевски.

Тој посочи дека целта на партијата е да се издигне на ниво на министерство.

„Ние ќе направиме стратегија за 10 години, планираме да отвориме посебен инспекторат. Државниот пазарен инспекторат води нешто од ова, но не е тоа тоа, има малку надлежности во оваа област“, рече Блажевски.

Блажевски посочи дека ќе се донесат и основните закони.

„Во првите четири години откако ќе дојдеме на власт исто така планираме да почнеме од приливот на туризмот, или 5 проценти од приливот би значело околу 20 милиони евра за субвенции годишно според сегашните бројки, па да дојдеме до 10 проценти за субвенционирање. Ќе направиме промен ана категоризација на објектите, бидејќи барањата не се исти од пред десеттина година и сега“, кажа Блажевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2023 21:47