Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го пушти во употреба новиот спортски терен изграден на подлога од вештачка трева во населеното место Инџиково.
За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Денес го пуштивме во употреба новиот спортски терен на подлога од вештачка трева во населеното место Инџиково.
Радоста и среќата на децата кои денес го одиграа првиот натпревар на новиот терен е нешто што ме прави особено горд.
Ветувањата дадени пред граѓаните, едно по едно стануваат реалност. Работиме посветено, одговорно и чесно на решавање на секој еден проблем и барање кое произлегува од граѓаните.
Довербата која ја добив да ја водам општината за мене е голема одговорност. И еден ден делата ќе зборуваат за секој од нас.
Тука сум за да им служам на жителите на општина Гази Баба.
Со срце за нашата Гази Баба. - напиша Стефковски.