- „Мини“ денес наликува на оригиналот само во некои ситници, велат познавачите. А, тоа го покажува и внатрешноста на новиот „Купер“, заедно со најсовремената технологија на палење и приказ на податоците. Тоа е дисплејот за којшто автопроизводителот се труди да го покаже како врска со оригиналниот модел - култниот автомобил од 1960-тите и ремек-дело на Алек Исигонис.

Самиот концепт со предната арматура каде што главниот показател е поставен во средината. Кружниот облик е сѐ уште тука, положбата му е подигната и делумно „лебди“, а тоа сега е многу повеќе од брзинометар - ова е спој на „табла со инструменти и податоци со забава“, како што вели описот.

Кога станува збор за изгледот однадвор, автомобилот главно го следи стилот на својот претходник, но со некои подробности што можеби прават разлика. Пред сѐ, тука е истакнатиот раб на предната маска, а потоа и малку различниот ЛЕД-потпис на светлата. Силуетата го следи првото „Мини“ на „Бе-ем-ве“ од почетокот на овој век - со минимални настрешници и заоблени стаклени површини.

Овен тоа, „Мини“ ќе се нуди и како електромобил со посебна платформа. Овде се говори за 181 коњска сила и батерија од 40,7 киловат-часови кај основната верзија и 215 КС и 54,2 кВч кај верзијата „Купер СЕ“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2023 17:02