Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за асфалтирање на локални улици на ул. Сава Михајлов во Ченто.
За настанот, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
УВИД ВО ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАЦИ НА УЛИЦА САВА МИХАЈЛОВ ВО ЧЕНТО. Утрово направив увид на градежните работи за асфалтирање на краци од улица Сава Михајлов во Ченто.
Асфалтирањето на овие краци од улицата Сава Михајлов произлезе од барањето на граѓаните на една од средбите кои ги имав во ова населено место.
Посебно сум горд што при увидот на градежните активности имам можност да сретнам среќни граѓани кои искажуваат задоволство од проектите кои ги реализираме.
Имаме обврска со нашата работа да ја вратиме надежта кај граѓаните. На дело да докажеме дека политичарите ги реализираат ветувањата дадени за време на изборите.
Со денешните градежни активности продолжува историски најголемата акција за асфалтирање на локални улици во општина Гази Баба.
Ќе продолжиме и во следните денови во останатите населени места. - напиша Стефковски.