РЕАКЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА, БОБАН СТЕФКОВСКИ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА.
Политичката партија Левица уште еднаш на дело го докажува своето паушално делување преку оддржување на прес конференции без никаква суштина.
Токму таква прес конференција е оддржана денес со обвинување дека во Гази Баба ќе се гради “бетонско чудовиште”.
Ја информирам јавноста дека ваквите тврдења се лажни и дека во рамки на општината не се води постапка за издавање на одобрение за градење на градба какво што се споменува во наведената прес конференција.
Хуманата урбанизација, инфраструктурниот развој и напредокот на општина Гази Баба ќе продолжат и во иднина. Нема да дозволам ниту Левица, ниту било кој да го запре развојот на Гази Баба.
Денес општината носи детални урбанистички планови во јавни и транспарентни постапки низ дијалог со граѓаните и тоа ќе биде така и во иднина, бидејќи народот ја дава навигацијата на нашето идно постапување.
Граѓаните да бидат спокојни. Со заминувањето на СДСМ од општина Гази Баба, заврши носењето на ДУПовите зад затворени врати и во интерес на градежната мафија.
Жалам што политичката партија Левица во екот на историски најсилната градежна офанзива која се реализира во рамките на работното лето “Гази Баба 2023”, наместо да ја поздрави реализација на огромниот број нови проекти кои опфаќаат изградба на спортски сали, улици, современи спортски терени, канализациони и водоводни системи, тие одлучија да оддржуваат паушална прес конференција.
Гази Баба храбро чекори по патот на напредокот и развојот и од тој пат враќање назад нема.