Примероци од вода, земени на 48 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и Канализација - Скопје, соопштувајќи ги резултатите од неделниот извештај за анализа на водата за пиење.

Од 17 до 21 јули биле земени 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Анализите, како што информира ЈП Водовод и Канализација - Скопје, ги направи Секторот за санитарна контрола - прва лабораторија во државата акредитирана според стандардот ИСО17025:2018.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2023 10:17