Храна со поминат рок најверојатно е причината поради смрта на монголските коњи во скопската зоолошка градина. Трите животни кои се од посебен таканаречен Монголски вид, угинаа за само два дена, но од што точно, допрва треба да се утврдуи преку обдукција. Дел од вработените во Зоолошката за Алфа велат дека сè се случило премногу брзо, во околината немало никаква друга храна, а коњите не давале никакви знаци на болест. Но официјално никој не сака да коментира ништо. Вработени за Алфа велат дека угинувањето на коњите го пријавиле во полиција сомневајќи се дека станувало збор за труење од надворешно лице. Но дополнителе детали нема.

Во молкот нас раководството, гласни се активистите кои реагираат дека зоолошката се раководи несериозно. Дел од нив стравуваат дека ако менаџментот не покаже поголема сериозност, можно е да угинат и други животни.

Познавачите на состојбите алармираат дека на Скопската зоолошка под итно и треба ветеринар, кој навистина ќе се грижи за животните, а не по потреба да се бараат надворешни соработници.

Борјката ќе биде поголема за жал, на угинати животни, посебно коњи, ако не се внимава. Коњите биле хранети со храна што требало да се уништи, и наместо на депонија, завршила во скопската Зоолошка. Веќе три месеци „ЗОО Скопје“ нема ветеринар. Се ангажира некоја надворешна служба, што не може да си го дозволиме, тоа е крајно несериозно, вели меѓу другото за Алфа „Зоо активистот“, Стефан Киров.

Неодамна, и главната атракција на Зоолошката, жирафата Каспер, угина од инфекција „салмонела“. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина, констатирано е дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата.

Инаку, пред еден месец скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Кандидатскиот статус на кој се работеше 10 години бил изгубен поради неисполнување на низа обврски зададени од ЕАЗА. Конечната одлука за ова паднала по скандалозното крвничко колење на десетина коњи и мазги кои преку ноќ беа донесени во скопската зоолошка.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2023 16:52