Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше дека завршила изградбата на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога во Јурумлери.
За изградениот терен, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
НОВ СПОРТСКИ ТЕРЕН ВО ТОРТА МААЛО - ЈУРУМЛЕРИ.
Заврши изградбата на новиот спортски терен во Торта Маало - Јурумлери кој го изградивме на најсовремена тартан подлога.
Оваа година општина Гази Баба инвестира во изградба на седум нови спортски терени на тартан подлога и еден спортски терен на подлога од вештачка трева.
Реализираме проекти со кои создаваме услови за спорт и рекреација на сите граѓани.
Оваа година, инвестиции во создавање на нова спортска инфраструктура во општина Гази Баба се реализираат како никогаш претходно.
Нема повеќе заборавени населени места! - напиша Стефковски.