Собирајќи ги минималните дневни трошоци на едно четиричлено семејство, на одмор на црногорското приморје - за сите три оброци, сладоледи, две кафиња, лежалки, чадор, педалинка - потребни се меѓу 70 и 100 евра на ден.

По 17 часот, гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори на плажите на будванската ривиера, освен ако, се разбира, не му припаѓаат на некој хотел. Сепак, за оние кои се седум или 10 дена на море и кои целиот ден го минуваат на плажа, ваквото задоволство чини 15 - 40 евра зависно од плажата. Секако, има и ексклузивни места, како „Свети Стефан“ или „Кралските плажи“, каде што оваа привилегија чини и до 200 евра.

На градската плажа во Будва, еден „обичен ден“ чини минимум 70 евра. Ако децата сакаат да се возат на педалинка или да скокаат на трамболина еден час на вода, тоа е по 20 евра повеќе. Секако, тука е и Забавниот парк близу „Словенска плажа“, крофни коишто мирисаат на чоколадо, кафулиња што нудат оброк и освежување, примамливи сувенири - сѐ тоа може да значи потрошен денар повеќе.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2023 16:36