Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, беше во посета на оперативниот центар на ЈКП Гази Баба во чии рамки се наоѓа работилницата за изработка на урбана опрема.

За посетата градоначалникот Стефковски, инфомираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

ЈКП ГАЗИ БАБА ИНТЕНЗИВНО РАБОТИ НА ИЗРАБОТКА НА НОВА УРБАНА ОПРЕМА.

Го посетив оперативниот центар на ЈКП во чии рамки се наоѓа работилницата која е опремена со најсовремен алат за изработка на нова урбана опрема.

Вработените на ЈКП Гази Баба интензивно работат на изработка на нова урбана опрема.

Нови форми на клупи и модерни цветни фигурни наскоро ќе ја красат нашата Гази Баба.

Во периодот пред нас ќе се започне со акција за поставување на нова и реконструкција на веќе поставената урбана опрема во сите населени места низ општина Гази Баба.

ЈКП Гази Баба преставува вистински сервис на граѓаните. Покрај грижата за водоснабдувањето на жителите во руралниот дел на општината, комуналната хигиена на целата територија, тие посветено работат на изработката на нова урбана опрема со која нашите граѓани добиваат модерни катчиња за одмор и рекреација. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2023 20:24