Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општински служби, изврши увид на пет градилишта во населбата Пролет и Дебар Маало, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитување на законските прописи.

- Заедно со општинските служби продолжуваме да вршиме инспекциски контроли со цел доколку е потребно да изведеме брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата, истакна Герасимовски.

Целта на теренските контроли, како што додаде, е почитување на законските прописи вклучувајќи го хуманото градење и безбедноста на граѓаните.

- На сите инвеститори кои градат во рамки на Општина Центар им порачувам да ги почитуваат законските процедури при изведување на градежните работи, да градат согласно одобренијата затоа што во спротивно секое отстапување ќе биде санкционирано, порача Герасимовски



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2023 19:23