Tим на ЈП Лајка неделава беше на неколку локации во општина Аеродром за спроведување на стратешкото заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман.
Од ЈП Лајка информираа дека заловувачкиот тим ќе ги посети Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.
Граѓаните од општина Аеродром можат да пријавуваат бездомни кучиња на 02 256 5859 / 071 219 925 или на info@lajka.com.mk.