Бројни дестинации во светот се привлечни за туристи, но пристапот до нив не е дозволен бидејќи се строго заштитени или премногу опасни. Во продолжение следат неколку вакви места, коишто ни најголемите авантуристи не смеат или не се осмелуваат да ги посетат.

Змиски остров на југот на Бразил

Се работи за остров близу брегот на Бразил кон Атлантскиот Океан. Ова е дефинитивно едно од најопасните места на Земјата. Според истражувањата, на овој остров има околу пет змии на метар квадратен. Се вели дека змиите се толку отровни што можат да стопат човечко месо. Никој не живее на островот, а Бразилската влада воведе строга забрана за посета на местото, освен за научници со посебно одобрение.

„Соба 39“ во Северна Кореја

„Собата 39“ е името на севернокорејска организација што постои од 1970 година и се верува дека служи за извршување на „валканите работи“ на Владата.

Портите на пеколот

Тоа е запалена дупка којашто се наоѓа во близина на селото Дервезе во пустината Каракум во Туркменистан. Местото го добило своето име затоа што гори постојано од 1971 година, кога е и пронајдено. Дијаметарот на дупката е приближно 70 метри, додека длабочината е околу 20 метри.

Ова наоѓалиште на природен гас го откриле советски научници во 1971., и тогаш мислеле дека се работи за неисцрпен извор на нафта. Почнале да го складираат природниот гас, но почнало да истекува големо количество метан и на тој начин се создало голема катастрофа за околината и луѓето во околните села.

Плашејќи се од поголема катастрофа, т.е. неконтролирано истекување гас, научниците решиле да го запалат гасот што истекува. Мислеле дека гасот ќе изгори за неколку дена, но тој гори и денес.

Северен Сентинел

Како дел од Андаманските Острови во Бенгалскиот Залив кај Индија, овој остров со илјадници години е населен од домородци кои не сакаат никаков контакт со современиот свет. Секој што ќе им пријде го дочекуваат со отровни стрели, копја и камења, поради што Индиската влада строго го забрани пристапот до Северен Сентинел.

Глобално складиште за семиња „Свалбард“ во Норвешка

Складот за семиња „Свалбард“ се наоѓа на половина пат меѓу континенталаното копно на Норвешка и Северниот Пол. Станува збор за објект со најсовремена опрема, изграден за заштита на семињата од сите можни природни или вештачки непогоди. Не е отворен за посетители, но има организирани тури.

Островот Повеља во Италија

Овој мал остров во венецијанската лагуна се наоѓа помеѓу Лидо и Венеција, а Италијанците го сметаат за најопседнатото место во светот. Мал канал го дели островот на два дела што и денес се затворени за посетители.

„Лошиот глас“ настанал во времето на Римската Империја, кога ова место се користело како карантин за заболените од чума. Кога болеста почнала повторно да ја пустоши Европа во средниот век, илјадници болни, наводно, повторно биле донесени во Повеља. Се смета дека стотици илјади луѓе умреле и изгореле на островот низ вековите.

Островот - вулкан Херд

Овој остров се наоѓа меѓу Мадагаскар и Антарктикот, и ѝ припаѓа на надворешната територија на Австралија. Тоа е едно од најизолираните места на Земјата, а во 2000 година, научници од Универзитетот на Хаваи забележале тек на лава долг два километри што излегува од југозападната страна на врвот Мосон, којшто е дел од вулканот. Поради неповолните услови околу овој остров, можно е да се плови само двапати годишно.

Пештерите Ласко

Се работи за пештери со ѕидни слики од палеолитот, откриена на 12 септември 1940 година, недалеку од Монтињак, Франција. Тој е целосно затворен за јавноста од 2008 година, откако во пештерите се проширија габи. Покрај тоа, однесувањето на посетителите го загрозува зачувувањето на цртежите. Пештерите се под заштита на УНЕСКО.

Областа 51 во САД

Област 51 е воена база во југозападна Невада во Соединетите Американски Држави. Се веруваше дека главната цел на базата е развој и тестирање на експериментални воени авиони и оружје. Има и теории дека тоа е база каде Американската влада складира докази за вонземјани. Заштитен е дури и воздушниот простор над оваа база, над којшто е забрането прелетување.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2023 09:15