Oпштина Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за секое прваче, запишани во шесте основни училишта во населбата.
Од Општина Ѓорче Петров информираат дека ова е еден од начините да ги поддржи родителите кои запишаа прваче во училиште. Во текот на летниот распуст, биле реконструирани и дел од училиштата, создавајќи подобри услови за функционирање.
Општината им посакува на сите првачиња и ученици среќен почеток на учебната година и многу успеси и убави моменти.