Припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) во кругот на Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, денеска учествуваа во крводарителска акција, во соработка со Црвен крст од општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што се појаснува, се дарувало крв во чест на 23 август - Денот на единицата.

- Во крводарителската акција што беше организирана во пресрет на Денот на единицата, беа собрани 19 единици крв, се додава во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2023 00:00