- Пакистански суд денеска му го продолжи притворот на поранешниот премиер на земјата Имран Кан за уште 14 дена во случај во кој тој е обвинет за оддавање државни тајни, потврди неговиот адвокат.

Сослушувањето за „случајот шифра“ се одржа во затвор во североисточниот кварт Аток, на околу 80 километри од главниот град Исламабад, каде Кан моментално се наоѓа од безбедносни причини.

Случајот е поврзан со дипломатските комуникации меѓу Вашингтон и Исламабад, за кои Кан вели дека се дел од американски заговор за соборување на неговата влада.

Судијата Абул Хаснат, кој пристигна од Исламабад, на барање на обвинителството го продолжи притворот на Кан до 10 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2023 21:54