Христијан Мицкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 не сакаше да ја спомене Данела Арсовска, откако градоначалничката на Град Скопје денеска кажа „да продолжи Мицкоски да се занимава со мене, бидејќи така ми го подобрува рејтингот“.

„Последен пат се занимавав со Арсовска пред една година во вашето студио. Тогаш се зборуваше за рацете во медот, пред некој ден објавив пресуда каде што овој суд било невистина, клевета и дека треба да се извинат, и таква е пресудата од Судот. Вие ме потсетувате од нејзе и ми го читате ова, јас навистина не знам кога сум ја споменал, ниту ми паѓа на памет. Навистина не знам каде сум ја споменал г-ѓата Арсовска. Ако луѓето немаат свој идентитет и немаат свој авторитет, и мене ме повикуваат во јавност, тогаш во ред“, изјави Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2023 05:31