Владата на СДС и ДУИ, поточно Агенцијата за храна и ветеринарство на 21 септември оваа година во Македонија дозволила увоз на околу 20 тони трајно млеко од Република Србија.

Ни помалку, ни повеќе во млекото пуштено во промет е детектиран афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. Оттука ова млеко е штетно за пиење, а истото предизвикува труење и други компликации по здравјето на граѓаните. Ова се темели на докази, односно ова е резултат од лабораториски анализи.

Да се даде зелено светло за увоз на вакво млеко со канцерогени материи е недозволиво!

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство е целосно промашување!

Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи.

Оттука, се поставуваат прашањата, кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во државава, во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето?

Дополнително, има информации дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија исто така е детектиран афлатоксин М1 во млекото. Во истото се надминати максимално дозволените нивоа согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната.

Оттука во врска со овој случај Агенцијата и Бабовски, да одговорат што е направено со таквото млеко, дали истото завршило на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Македонија?

Апелираме на максимална претпазливост!

Апеираме да се расветли ова веднаш!

Бабвски веднаш да поднесе оставка!

Ваквите случаи наскоро ќе бидат минато! Граѓаните на избори ќе ги казнат ваквите постапки на надлежните!



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2023 13:31