„Ова е една власт, една Влада која што упорно работи на промоција на неодговорност и на неказнивост“, истакна Тони Јаревски, пратеник во гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија.
Јаревски запраша како Ковачевски може да каже за предлог законот за амнестија доколку нешто опфаќа што не треба, нема да го поддржат во Собрание. Па што дискутирале на владина седница пред законот за амнестија да се достави во Собрание.
„Како може да ни каже премиерот доколку е тоа опфатено, ние нема да го поддржиме. Да, треба да го видиме се сложувам, но што правеле на Влада? Како можеме да имаме таква рашомонијада од такви изјави за волку сериозна тема“, праша пратеникот.
„Околу 280 лица се опфатени со оваа амнестија и да се каже дека причината е дека сакале да ги растеретат затворите, каде што знаеме дека најмалку 2.000 чекаат за да влезат за издржување на санкциите, тогаш е несериозно“, рече пратеникот.
Тој нагласи дека законот за амнестија е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој закон е апсолутно неприфатлив за нас. Укажа и претседателот јасно дека доколку се појави со европско знаменце ќе напуштиме. Доколку не биде со европско знаменце ќе ги искористиме сите можни инструменти и алатки кои што ги имаме на располагање да го спречиме ваквиот закон доколку се опфатени тие дела“, појасни Јаревски