Денеска ја почнуваме акцијата која што има наслов „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Акција со која што планираме да ја поминеме цела Македонија директно од терен да разговараме со граѓаните, организации, здруженија, целни групи и да слушнеме од прво лице што е она кое што претставува акутен проблем, што е она кое што недостасува, и за истото да понудиме решенија кое што ќе биде содржано во програмата која што ќе биде дел од кампањата за следните парламентарни избори.

Еден нов пристап на неколку месеци пред почеток на кампањата сакаме јасно да ги дефинираме приоритетите на нашите граѓани, на економијата, на целните групи, на луѓето кои што денеска се во Македонија и кои што денеска се грижат и им значи Македонија да успее.

Затоа велиме дека е важно, алармот е вклучен и ние цениме дека со оваа акција можеме навистина да имаме една исклучително содржајна кампања. Почнуваме токму овде од Охрид со мене тука е и градоначалникот, претседавачот на Совет и пратениците, и сите оние кои што се дел од администрацијата во Охрид, дел од структурата овде во општина Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера да реалоцира од централниот буџет за проекти во Охрид средства до 8 милиони евра годишно или за 4 годишен мандат 32 милиони евра. Тоа се навистина значајни проекти, на дел од тие проекти како што е проектот за канализација и пречистителна станица во населеното место Трпејца ќе посветиме посебно внимание денеска. Но, не е само тоа, тука се и други проекти, нов водоснабдителен систем наречен проект Свиништа, односно проект кој што ќе биде помеѓу 8 и 9 милиони евра со кои што според тоа што го добиваме како информација би се обезбедило стабилно навремено снабдување на Охрид со вода би рекол а следните 50тина години, без разлика на пикот на туристичката сезона. Но, и не само тоа, и други канализациони мрежи во други населени места, училишта, инфраструктурни проекти, катна гаража која што се планира во центарот на градот итн.

Голем дел од тие проекти планираме да бидат реализирани како реалокација од централната влада. Јас можам да сумирам и да им честитам и на Пецаков и на советниците кои што ја поддржуваат работата на Пецаков и на администрацијата, за тоа што е направено до сега во овие речиси две години локална самоуправа под раководење на Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ овде во Охрид, да ги охрабрам да продолжат свесни комплетно за тешката ситуација со која што се наоѓа општината. Но и свесни комплетно за односот на централната влада кон општината и кон охриѓани, бидејќи знаете дека тие секаде онаму каде што во 2021 година имаше победа на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат насилнички, се лимитираат, се кратат средства, не се инвестира итн. Нешто што нема да биде пракса за идната влада за неколку месеци од денеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2023 20:09