Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер потенцираше дека треба да се одржи лидерска средба на која што ќе бидат договорени следните потези во државата од кои ќе зависи животот на граѓаните.

-Она што е важно на македонската политичка сцена е што треба да има лидерска средба на која што ќе се договорат следните потези во државата, од она што навистина зависи животот на граѓаните за жал во Македонија, а тоа се политичките избори и дали ќе продолжат да тонат во сиромаштија или ќе има некаков исчекор во севкупноста на живеењето бидејќи не е веќе само економијата, веќе тука се и здравството, безбедноста, јавниот превоз. Тука не може и да не спомене и новото поскапување на храната која што не ги зафати само „перките од ајкула“, истакна Стоилковски.

Во врска се лидерската средба Стоилковски посочи дека Ковачевски нема дозвола од ДУИ и Артан Груби дали да прифати или да не прифати лидерска средба.

-Она што го слушнавме од Ковачевски, по се изгледа немаше дозвола од Груби или од ДУИ за да прифати или не прифати лидерска средба, па се обиде да се вади на оној широк формат како што еднаш беше во Собрание каде што всушност на таков кворум не може да се донесат одлуки, рече Стоилковски.

Портпаролот Стоилковски додаде дека Ковачевски и како лидер на СДС за потезите кои се прават во СДС зависат од она што ќе му го каже Артан Груби.

-Многу работи не гледа Ковачевски, но она што јас го гледам таму, а тоа е дека човекот се плаши или едноставно нема дозвола да разговара или да прифати како премиер на држава, како лидер на СДС средба со лидерот на опозицијата. Едноставно ова ми дава потврда дека човекот и за потезите што се прават во СДС, зависи од она што ќе му биде кажано од Артан Груби, додаде Стоилковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2023 14:07