Башиноселскиот мост на еден од влезовите за Велес, но и за општина Чашка е во очајна состојба и претставува опасност за тие кои се движат по него. И покрај ветувањата од централната власт во чија надлежност е, работите седат во место, а Владата и надлежните институции не превземаат ништо.

Веднаш по смена на власта во најбрз можен рок ќе се почне изградба на нов мост со што Велешани и жителите на Башино село ќе добијат безбедна комуникација, а бизнисот ново поврзување и можности.

Воедно ќе се заврши и изградбата на нова обиколица започната уште пред повеќе од 15 години.

Така Велес ќе добие нов приклучок, нови шанси за напредок.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2023 21:30