Власта на ДУИ и СДС со потпис на Артан Груби овозможила преку партнерство на Државната Лотарија и приватен партнер да се отворат три нови компании за коцкање. Притоа условите кои се предвидени во огласот создаваат услови во овој бизнис во Македонија да влезе бугарска компанија во сопственост на член на бугарското подземје Васил Божков викан Черепот.
Овој човек, според Стејт департментот на чија црна листа се наоѓа се поврзува со руски врски и се товари за поткуп на функционери во Бугарија и регионот преку кој ја ширел својата коцкарска империја.
Власта на ДУИ и СДС наместо инвестиции, на народот му нуди да се коцка повеќе и да осиромашува. Ковачевски се крие и молчи. Тоа што Груби го потпишал огласот и веројатно преку својот близок соработник кој е директор во Лотарија, го води целиот овој матен проект, не го амнестира Ковачевски од овој скандал. Напротив тоа го прави директно одговорен, бидејќи овозможува во Македонија бугарското подземје да тера бизниси.
Ако ова обвинителство не презема мерки, после промената на власта овој случај ќе биде целосно истражен и санкциониран. Никој нема да побегне од правдата.