Артан Груби мора да каже дали е точно дека однапред е договорено кои три коцкарски фирми ќе влезат во Македонија?

Дали однапред е договорено да бидат две од Бугарија и една од Косово?

Дали Артан Груби е ангажиран за влез на две бугарски и една косовска коцкарница да ги земат новите три лиценци со негов потпис во Македонија?

Дали и колку тој ангажман чини?

Дали една од двете бугарски фирми е поврзана со Васил Божков Черепот, со мафијашките бизниси и со фирми од црната листа на САД?

Дали Ковачевски знае и одобрува евентуални ангажмани на Груби со кои Македонија станува држава на коцката?

Дали Ковачевски знае за улогата на Васил Божков Черепот при носење на закони?

Почитувани,

Груби од позиција вицепремиер доделена од СДС, го заобиколува законот за коцкање, а откако скандалот изби во јавноста, и по паниката на неговиот пулен директор на Лотарија, сега се турка закон за коцкање, СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ, а во кој повторно нема ништо европско, ниту референца на што се повикува!

Почитувани,

Две недели криминалната власт молчеше, Лотарија молчеше за огласот, а сега се турка закон во Собранието.

Одговорност за криминалот и за претворање на Македонија во земја на мафијата, криминалот и коцката ќе има!



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2023 20:16