Дали власта сака вештачки да создаде меѓуетнички проблеми во општина Гази Баба, прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски. Според него целта е да се создаде вештачка криза од страна на СДСМ и ДУИ и се оди со уцени кон градоначалникот на општина и кон Иницијативниот одбор на родителите.

Тој во интервју за „Република“ објаснува со каков проблем се соочува општината во делот на образованието.

Во 2019 година тогашниот министер за образование Адеми даде ветување дека ќе се изгради ново училиште и таму наставата ќе ја посетуваат децата Албанци од прво до девето одделение.Но не е ставена ни цигла но донесоа одлука на Влада во која велат дека општина Гази Баба треба да постапи и да најде парцела.Парцелата се најде, се прати до Министерството за образование и до транспорт но одовор нема.Затоа велам се создава една вешташка криза од страна на криминалците на ДУИ и СДСМ со многу закани и уцени и ултиматуми за да попуштат граѓаните и да учениците од шесто до девето одделение, кои сега имаат специјален превоз кој плаќа општина Гази Баба и одат во учлиштето во Огњаци.Но,да не заборавиме учениците Македонци од Раштак со јавен градски превоз одат на училиште во Булачани и учениците Македонци од Брњарци одат со јавен превоз во училиштето Крсте Петков Мисирков.

Коцевски предупредува дека е даден ултиматум до градоначалникот и до Иницијативниот одбор дека доколку не им се дозволи да учат ученици Албанци дека ќе му се одземат ингеренциите во делот на образованието.

Со овие верувам и тоа дека е можно.Но кај нас во последно време ка нас е еден за сите сите за еден.Нема назад, јас и како пратеник стојам зад овие родители како и зад одлуките на градоначалникот Стефковски кој ги спроведува законите а имаше и закани по неговиот живот. Од страна на заменикот во МВР Нухију има и закани за затвор за градоначалникот од шест месеци до пет години што е уцена и закана-објаснува Коцевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2023 21:48