Крахот на оваа власт на СДС и ДУИ во економијата е причина за многу изговори на тековни политичари, кои се однесуваат како да се во опозиција. За сѐ е виновен претходниот период од 30 години на водење на економијата, а забораваат дека истите ја водат економијата во последните 7 години, години на безидејност, безредие и економски неуспеси - нивни лични и колективни.
Последната изјава е на Битиќи, којшто ја нападна ВМРО-ДПМНЕ дека финансирала овчари без овци и затоа имало намалување на земјоделското производство.
Битиќи треба да се соочи со тоа дека еден од ресорите каде има тотален неуспех е земјоделството. Наместо да имаме раст на производство на храна, раст на обработливите површини и раст на грлата на добиток, во последните неколку години кога СДС е на власт се случува тотална катастрофа. Паѓа производството на храна, а расте значајно количинскиот увоз на храна. Се намалуваат обработливите површини на земјоделско земјиште, се намалуваат ораниците, бавчите, лозјата и пасиштата, а бројот на говеда, овци, живина значајно паѓа. Но, затоа увозот на живи животни значајно расте, како што расте и количинскиот увоз на месо и преработки од месо, млечни производи, зеленчук и овошје. Погледнете ја статистиката и ќе се уверите!
Неуспехот не може да го сокријат. Затоа во текот на 2021 и 2022 година имаше толку силен пренос на растот на цените на храната од светските берзи. Исто како што имаше силен пренос на растот на цената на електричната енергија, зошто власта не беше спремна домашно да ја произведе истата.
ВМРО-ДПМНЕ била и секогаш ќе биде со земјоделецот. Таа поддршка ќе дојде кога ќе се смени власта.