Добар ден и од мене, мое исто така огромно задоволство што сум во овој дел на Македонија денеска. Практично денеска продолжуваме со акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените, акција која што ја почнавме пред би рекол десетина дена. Ги посетивме досега Охрид и Велес, денеска сме во овој крај, започнуваме од општина Ново Село, продолжуваме денеска со активности во општина Босилово и ќе завршиме во општина Василево.

Целта на оваа акција е да практично заедно со граѓаните ги утврдиме приоритетите кои што треба да бидат дел од идната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и преку директен контакт во разговори со граѓаните да видиме што е тоа што акутно е потребно веднаш да се интервенира, а што е она кое што нели има можности да се би рекол етапно да се реализира и што е она што за жал нема да можеме и немаме можности во еден четиригодишен мандат да го завршиме.

Ќе имаме конзервативен пристап не сакаме да ветуваме премногу затоа што преголеми ветувања изминативе од повеќе три децении создаваат големи очекувања и кога потоа нема да се испорачаат тие ветувања, тие предизвикуваат големи разочарувања. Ние имаме за цел тоа што ќе го ветиме со прецизни рокови да го исполниме.

На мое задоволство денеска еве на покана најпрвин на градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓи се наоѓам тука каде што практично се отпочнува асфалтирање на една локална улица во ова населено место Борисово кое што е дел од општина Ново Село. Но исто така сакам да напоменам дека ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера децентрализира до 250 милиони евра годишно од централниот буџет за капитални инвестиции во општините. Кога зборувам да децентрализира тоа е надвор од буџетот кој што си го имаат самите општини. За општина Ново Село во еден мандат се предвидени минимум 4 милиони евра, проекти кои што ќе бидат реализирани, дел од тие проекти ги детерминиравме и определивме заедно со градоначалникот, со членовите на Советот, со советниците и очекувам дел од проектите да произлезат од денешните средби кои што се дел од оваа акција „Важно е!“. Меѓу нив би ги споменал пешачка патека која што е во должина од 5 километри, која што ќе биде практично од Ново Село до Мокриево, потоа реконструкција на патниот правец од клучката кај Сушица па се до Зубово, реконструкција на водоводната мрежа и филтер станицата во населено место Колешино, потоа улици во должина од 2 километра во населено место Сушица. И конечно на крај исто така реконструкција на водоводната мрежа во Мокриево.

Сето ова е дел од повеќе проекти кои што ќе бидат реализирани во самата општина Ново Село, а ќе бидат финансирани од централниот буџет, ќе повторам тоа се проекти кои што ќе обезбедат средства надвор од оној буџет кој што го има самата општина, општина Ново Село.

Јас можам само да го искажам своето задоволство и да ги охрабрам и Ѓорѓе, советниците и администрацијата да продолжат со реализација на проектите, свесни дека, за жал, имаме однос таков каков што имаме од страна на владата на ДУИ и СДСМ или СДСМ-ДУИ како ви е полесно, па оние општини каде што има градоначалници од редот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, проектите не се реализираат онака како што треба да се реализираат и тие мислат дека на тој начин ќе ги казнуваат граѓаните кој што на локалните избори во 2021 година гласале за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Се одземаат ингеренции во образованието, во градинките и така натаму, но сето тоа претставува мотив повеќе да за неколку месеци од денеска, тоа е добрата вест, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, на краток рок надомести сето она кое што оваа влада на ДУИ, би рекол, поддржана од СДСМ, практично, врши тортура и притисок врз населението кое што се наоѓа во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, би сакал да ја поздравам и проактивноста и активноста на пратениците кои што доаѓаат од овој крај во македонскиот Парламент кој што на дневна основа се активни. И исто така сакам да поздравам нивната проактивност во делот кога се носат буџетите, ребалансите и така натаму, процес кога истите тие со амандман повеќе се обидуваат да интервенираат, да обезбедат средства повеќе за овој крај. Но, за жал, повторно ќе кажам, оваа влада на Демократската унија за интеграција поддржана од помалиот коалиционен партнер, би рекол, измеќарите од СДСМ за жал, тоа поинаку го гледа.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2023 14:06