Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски учествува на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ).

- Во Совет на Европа во Стразбур во борба за Македонија и правата на Македонците.

Помеѓу другото ќе зборуваме и за:

- масовното следење на комуникации со малициозен софтвер како Пегасус и Предатор, како и сомнежите за следење на раководството на ВМРО - ДПМНЕ од страна на власта на СДСМ и ДУИ.

- предизвиците на екстремно десната идеологија и загрозувањето на правата на Македонците во Бугарија и во Албанија како резултат на оваа идеологија.

Секогаш за Македонија!, истакна Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2023 16:14