На денешната дебата насловена „Образовни процеси – Мост од историјата кон иднината“ во општина Кичево во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ свое обраќање имаше членот на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Бумбароски кој истакна дека владата на СДСМ и ДУИ создаде хаос во образованието а фамозната концепција на Мила Царовска веќе го достигнува врвот на своето уништување во образованието и посочи дека следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи ревизија на целосната концепција на образованието и ќе се избори да си остане предметот историја како засебен предмет.
„Образованието е еден процес кој што почнува од мали нозе и траеа цел живот. Образованието е една од клучните науки. Ако можеме да кажеме дека нешто успешно оваа влада на ДУИ и СДСМ направија е тоа дека успешно го уништија образованието. Ова морам да го констатирам владата на ДУИ и СДСМ во секоја сфера од образованието успеа да уништи се што е здраво и функционира. Јас како наставник по одделенска настава можам да кажам дека од 1 одделение до 9-то одделени нема одделение каде што нема нанесено штета. Учебници нема, еве и оваа година се уште нема учебници а оние кои што стигнаа се полни со грешки“, нагласи Бумбароски.
Бумбароски посочи дека фамозната концепција на Мила Царовска веќе го достигнува врвот на своето уништување во образованието.
„Фамозната концепција на Мила Царовска веќе го достигнува врвот на своето уништување во образованието. Спојување на предмети, бришење на историјата и се она што нанесува штета е посебно во делот на споените предмети. Предметот историја и општество има три модели тие три модели се оценуваат посебно и ги предаваат тројца различни наставници. Еден од наставниците кој што го предава моделот граѓанско образование со учениците ќе биде само 10 часа. Тој за 10 часа нема да успее ниту да ги запознае учениците а на крај на учебната година тој заедно со останатите двајца става завршна оцена“, истакна Бумбароски.
Бумбароски рече дека можеби целта на властите е создавање на хаос во образованието.
„Можеби тоа и е целта создавање на хаос каде што секој ќе тргне од себе и од својата умешност како да се справи со ситуацијата. Верувам дека е така затоа што ние како наставници добиваме насоки а имаме закони по кој што функционираме и законите се косат со тие насоки. Ние сме ставени во недоумица, и тешко се менаџира сето ова бидејќи доаѓаат различни насоки. Ние не знаеме каде да се обратиме доколку нешто не ни е јасно“, посочи Бумбароски.
Бумбароски посочи и дека наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи целосна ревизија на концепција на образованието и ќе се избори предметот историја да остане како засебен предмет.
„Коренот на спојувањето на предметите историја и географија е прашањето на историјата како предмет. Она што наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи е ревизија на целосната концепција и да си остане предметот историја засебен предмет. Ќе се избориме историјата да биде засебен предмет. Бидејќи во сите земји во светот така се изучува“, кажа тој