Лидерот на ДУИ заедно со Владата им должат на граѓаните јавно да одговорат дали се:
- Со САД и ЕУ или се за Србија и Русија?!
Секој ден Владата на СДСМ-ДУИ, поради организираниот криминал и братски односи со Србија и Русија, ги уништува односите до степен на непријателство со народот и стратешките партнери на САД и ЕУ.
За лични, групни и партиски интереси, лидерот на ДУИ, заедно со неговиот брат Димитар Ковачевски, преку антинационални проекти од типот „Отворен Балкан“ и организиран криминал, ја насочуваат земјата кон српско-руските интереси , отстапувајќи од евроинтегративниот пат и стратешките политики на САД, создавани последните три децении на Балканот.
Во оваа прилика ги повикуваме Вашингтон и Брисел да бидат поостри во однос на досегашните наредби упатени кон криминализираната власт, да се откажат од корупцијата што ја зафати секоја пора на институциите во нашата земја.
Според статистиките и анкетите направени во извештајот за надворешни фактори, нашата земја е претставена како корумпирана со високи 97%, што е навистина поразително!
Почитувани сонародници!
За ситуацијата да биде уште пострашна, Владата на криминалот наместо да ги спроведува реформите што ги предлагаат пријателските земји на Европската Унија, Димитар Ковачески и неговиот брат подготвуваат терен за враќање на Груевски и негово прогласување за невин, за тешките казни за злоупотреби направени за време на неговото владеење, со стратешкиот партнер ДУИ.
Злото на оваа власт, која е корумпирана до последна пора, го зајакнуваат и ставовите на САД и на сите европски земји, кои нападите на српските терористи во Северна Митровица ги прогласија за терористички планирани и потпомогнати од владата на Србија, додека Ахмети како “дете” на српските планови преку министерот за надворешни работи - Бујар Османи, испрати спасителна порака преку ставот дека треба „да се открие дали Србија е вмешана или не во овие напади“.
За блискоста на СДСМ-ДУИ со руско-српското парнертсво сведочи и ставот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за проектот „Отворен Балкан“ кој тој го прифати како иницијатива на Србија. Димитар Ковачевски без двоумење изјави дека остануваат лојални на Србија во реализацијата на овој проект со југоносталгијата во позадина.
Во моментите кога граѓаните се соочуваат со грижата и стравот од постојаното отворање на нови обложувалници и казина без никакви критериуми и стандарди, зад кои стои Артан Груби, со дозвола на неговиот тутор, склучувајќи пактови со руско-бугарските олигарси, се уништуваат буџетите на нашите семејства, дотаму што граѓаните ги продаваат и своите имоти.
Во планот на осиромашување до степен на уништување на семејствата, свесно се инфилтрирани челниците на СДСМ/ДУИ и на Владата, кои се поврзани со заеднички придобивки со Радојчевиќ!
Граѓаните се заситија од нивните игри и сфатија дека криминалната власт го користи „Европскиот фронт“ само како термин, за да ги задржи позициите од кои ја развиваат мрежата на корупција за лично и семејно богатење.
Како Движење БЕСА ги повикуваме лидерите на СДСМ-ДУИ отворено да се изјаснат дали се „за“ демократските политики на САД и на Европската Унија или ќе продолжат да поддржуваат проекти кои се во функција на проширувањето на Русија до земјите од Балканот.
Молкот во овој период е потврда на нивната поврзаност, преку криминалот и Србија до руските планови за нашата земја, кои не признаваат демократски концепти, туку развој на диктатурата на Путин.