Во изјава за весникот Лајм, претседателот на Демократското Движење Изет Меџити во врска со изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да се врати во РСМ и да се соочи со правдата, меѓу другото вели:
„За жал, се потврдуваат нашите соммежи што ги презентиравме како опозиција во нашите официјални профили, каде јавно прашавме дали Бујар Османи го посети Никола Груевски во Будимпешта и дали на таа средба бил приватно или службено. Во тој случај одговорите беа дипломатски и неискрени.
Иако лично мислев дека ДУИ во 2016 се раздели со режимот на Никола Груевски, за жал Бујар Османи денеска докажа дека тајно одржувале комуникација, си помагале меѓу себе, и уште еднаш се докажа дека работат на враќање на Груевски, затоа го сменија Кривичниот Законик, затоа зборуваат за Законот за амнестија, само да биде во функција на враќање на Груевски и денеска за прв пат јавно го поставувам прашањето ДАЛИ БУЈАР ОСМАНИ И ДРУГИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ГО ВРАТАТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО СКОПЈЕ НА 23 ОКТОМВРИ НА ДЕНОТ ВМРО
Демократско движење