Во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, партиски функционери и активисти од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објавија пораки што според нив е важно за државата, нејзиното функционирање и граѓаните.

Денеска портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева изјави дека важно е децата да растат во здраво и функционално општество.

„Важно е децата да растат во здраво и функционално општество“, рече Митева.

Светислав Васев посочи дека според него важно е да има лојална конкуренција регулиран пазар.

„Важно е да има лојална конкуренција и регулиран пазар“, истакна Васев.

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов нагласи дека за него важно е да има зголемување на стипендиите за студентите.

„Важно е да имаме зголемување на стипендиите“, додаде Попов.

Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека според него важно е Македонија да ја хранат македонските земјоделци.

„Важно е Македонија да ја хранат македонските земјоделци“, изјави Трипуновски.

Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за него важно е да постои систем на вистинско вреднување на квалитетот.

„Важно е да постои систем на вистинско вреднување на квалитетот“, порача Томовски.

Додека пак, пратеникот во македонското собрание Бојан Стојановски истакна дека според него важно е да се вложува во малите и средни бизнис.

„Важно е да вложуваме во малите и средините бизниси а тебе што ти е важно“, праша пратеникот Бојан Стојаноски.

Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ бидејќи важно е да се обединиме и заедно да изградиме подобра иднина за сите граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2023 05:45