„Најголем проблем е корупцијата помеѓу политичарите. Тука лежи проблемот на сето она што го дебатираме. Затоа што јас ве уверувам дека и премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ, Ахмети, и многу пратеници на лик на Исмаил Јахоски познат како „Пуцко Петрол“ живеат воопшто без да имаат потреба од таа функционерска плата. И тоа живеат многу покомотно, многу поубаво и многу поквалитетно“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 анализа“.

Петрушевски додаде дека Ковачевски многу троши на дневно ниво на фејсбук планирање, па можеби во износ од една пратеничка плата.

„Земете само колку премиерот Ковачевски дневно на фејсбук рекламирање. Троши повеќе од една пратеничка плата“, нагласи пратеникот.

„Доколку ние сакаме да имаме општество кое што е квалитетно, и кое што ќе биде раководено од лица кои што ќе се чесни и кои што ќе носат квалитетни политики, најголем приоритет и на јавноста и на политичарите, па и на медиумите треба да биде токму справувањето со високата корупција“, рече тој.

Тој посочи дека сите проблеми кои што ги има Македонија е поради високата корупција.

„Платата мора да биде солидарна со граѓаните и во време на криза мора заеднички и политичарите во смисла на функционерите заедно со граѓаните да ги делат тешкотиите што ги носи економската криза во Република Македонија“, истакна Петрушевски.

Тој рече Македонија немаше да е во ваква криза доколку се имаше помала стапка на висока корупција.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2023 05:49