Со оглед на тоа дека 2024 година е „пред портите“, туристичките списанија и агенции ги истакнуваат новите препораки за патувања. Така, и „Нејшнал џиографик“ (National Geographic) ја објави својата топ-30 листа „најкул“ дестинации за следнава година.

На списокот, Европа доминира со 13 места за авантуристичко патување. На првото место се Албанските Алпи, попознати како Проклетије - планински масив во северна Албанија и источна Црна Гора.

„Познати, прилично застрашувачко, како 'Проклетите Планини', ова царство остри карстни врвови е сон на планинарите, каде што рисовите талкаат по шумите од смрека, а дивите цвеќиња ги покриваат долините“, се вели во новиот напис.

Следат Белфаст, Емилија-Ромања, Нордланд, мексиканскиот полуостров Јукатан, Сиким во Индија, со прекрасен поглед на Хималаите, па австралиска Викторија итн.

Редоследно, „најкул“ туристички места во Европа се: Проклетие, Албанија; Белфаст, Северна Ирска; Емилија-Ромања, Италија; Галовеј и Јужен Ершир, Шкотска; Нордланд, Норвешка; Северен Јоркшир, Англија; Помпеја, Италија; Саима, Финска; Тарту, Естонија; Валета, Малта; Велс и Дивиот Атлантски Пат или Вајлд Атлантик Веј, во Ирска.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2023 04:29