PHCANN International е една од водечките европски компании во производството и дистрибуцијата на медицински канабис согласно стандардите и добрите производствени стандарди на ЕУ со свои претставништва во Германија, Полска, Хрватска и Македонија.
Сашо Стефаноски е дел од успешната мисија на PHCANN International повеќе од 6 години. Тој беше дел од раководниот тим на NYSK HOLDINGS (компанија која е дел од групацијата на PHCANN International) кој го создаде модерниот производствен капацитет во Македонија и учествуваше во процесот на сертификација на компанијата во рамки на стандардите на Европската Унија што резултираше со стекнување на EU GMP сертификат.
Претходно, г-дин Стефаноски извршуваше раководни функции во повеќе владини институции во Македонија и беше директор на Фондот за здравствено осигурување.
Управниот одбор на PHCANN International изминатиот период ја препозна посветеноста на г-динот Сашо Стефаноски и се одлучи понатамошниот развој на компанијата да му го довери нему согласно јасно декларираните заложби за зголемување на продажниот сегмент и намалување на оперативните трошоци.
Во време кога светот и глобалната економија сеуште се соочуваат со предизвици поврзани со покачувањето на трошоците за производство и транспорт, г-дин Стефаноски ги започна најзначајните чекори за понатамошна експанзија на продажба на компанијата во земјите членки на ЕУ како Полска и Германија, но и на глобалните пазари како Велика Британија, Бразил и Австралија.
Визијата на PHCANN International во наредниот период е да ги направи своите врвни производи од медицински канабис подостапни до сите кои имаат потреба од медицински канабис со цел да го подобрат сопственото здравје и да ја зголеми свесноста за придобивките од терапевтското користење на канабиноидите.