- Украинската Влада денеска разреши двајца високи функционери за кибер-безбедност поради истрагата за наводна проневера, информира висок владин претставник.

Владата го разреши Јуриј Шчихол, шефот на украинската служба за специјална заштита на комуникации и информации, како и неговиот заменик Виктор Жора, се наведува во соопштението на претставникот на Владата во Парламентот Тарас Мелничук, објавено на комуникациската платформа Телеграм.

Украина ги засилува напорите за борба против корупцијата бидејќи се обидува да стане членка на Европската Унија, при што борбата против корупцијата е клучен предуслов за почеток на преговорите.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2023 16:56