Во последните 53 години, глобалното затоплување доведе до топење на 56 отсто од површината на перуанските глечери, што резултира со формирање на нови глацијални езера, соопшти Министерството за животна средина на Перу.

- Од 1962 година, перуанските Анди изгубија 1.348 квадратни километри глацијална површина, што претставува загуба од 56 отсто, се вели во соопштението.

Се додава дека глечерот Пасторури, кој се смета за еден од скапоцените камења на националниот парк Хуаскаран, изгубил повеќе од 50 отсто од својата површина



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2023 17:37