Во Македонија постои законска пречка Кацарска јавно да го поддржува СДСМ.

Но, не постојат законски пречки Добрила Кацарска да си поднесе оставка и да и прави друштво на Вилма Рускоска бидејќи сличностите и соработката им се преголеми.

И двете слугувале како извршители на политичката агенда на власта на СДСМ и ДУИ и двете беа наградени за судско-обвинителскиот терор кој што го извршија врз неправедно обвинетите за 27-ми април.

Ако не може да се воздржи од политички изјави во корист на СДСМ, Кацарска може да даде оставка и да стане кандидат за пратеник на СДСМ на изборите догодина, а по поразот може и да претендира на позицијата лидер на СДСМ.

Имајќи предвид дека е единствениот во свет претседател на Уставен суд кој претходно бил казнет од Уставниот суд, Македонија може само да добие со нејзиното заминување од функцијата која не ја заслужува, туку и е награда за спроведување на наредбите од СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2023 03:52