Полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Жеровјане денеска во тетовско село Радиовце ги лишиле од слобода Л. Р. (26) од с.Синичане, тетовско, Ј.С.(20) од с.Селце, тетовско и Л.С.(19) од с.Селце Кеч, тетовско, кои биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во товарно возило, при што одзеле повеќе предмети.
Од МВР информираат дека одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.