Пред неколку дена, Владата во заминување излезе со предлог буџет за 2024 година и со новиот квази анти-кризен пакет во вредност од 662 милиони евра народни пари, кој ги таргетира најранливите категории на граѓани во наредните 6 месеци.
Што се однесува до најавениот предлог буџет, кој ќе биде најголемиот напумпан буџет досега, и кој истовремено е нереален, неостварлив и целосно изборен, зачудувачки како за иронија се намалува буџетот на АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ, во време кога младите масовно бегаат од нашата држава, се крати буџетот на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ, иако сме меѓу најзагадените земји во светот, се намалуваат средствата на АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРИМЕНА НА ЈАЗИКОТ, институција од која се очекува имплементација на Законот за албански јазик, се намалуваат средствата на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА, кога довербата во судството е само 3%, се намалува буџетот на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, институција од која што зависи децентрализацијата и од која се очекува зајакнување на албанските општини, се намалува буџетот на ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ТЕХНОЛОШКИ ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ од каде што очекуваме развој и нови инвестиции во регионите со албанско мнозинство. А кога е во прашање буџетот на ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА, може да замислите, растот нема крај!
Што се однесува до квази антикризниот пакет, самата временска рамка на мерките, значи до мајските избори, ја покажуваат и злобната цел на оваа одлука. Еклатантно купување на гласови со државни ресурси.
Почитувани граѓани, овие антикризни мерки се бледа копија на мерките што ги презеде владата на Вучиќ пред некое време во Србија.
Најпогодените категории каде што спаѓаат корисниците на социјална помош, пензионерите, студентите, приватниот сектор, имаат потреба за одржливо решение, а не за вашата милостина до денот на изборите.
Социјалната помош, платите, пензиите мора да се зголемат согласно покачувањето на цените, ова е барањето на граѓаните, а не да не ставате во ситуација да се чувствуваме како да ни давате милостина.
Во овој квази пакет на антикризни мерки, се предвидуваат 1.000 или 2.000 денари за пензионерите и студентите, ни помалку ни повеќе, туку само до месец Мај кога ќе се одржат парламентарните и претседателските избори, затоа што во нивниот ум толку чини достоинството на граѓаните, и со толку пари планираат да го купат тоа!
Тоа значи, 1000 или 2000 денари за пензионери и студенти, до избори, а за себе по 180 илјади денари плати.
За пензионерите и студентите по 1000 или 2000 денари милостина, додека за себе зголемување на платите од 78%.
Почитувани, само за илустрација. Парите што еден функционер на оваа корумпирана власт ги заработува за 4 години, еден чесен професор или учител мора да работи 24 години за да ги заработи!
Денес, од тука сакаме да испратиме порака до оваа корумпирана власт во заминување, дека граѓаните, пензионерите, студентите, приватниот сектор, немаат потреба од вашата милостина. Пензионерите побараа достоинствено линеарно покачување на пензиите. Ним им треба системско и одржливо решение. И ова решение ќе го донесеме ние во новата влада, во владата на промената.
Активно ќе учествуваме во амандманската расправа и ќе се обидеме со конкретни предлози колку толку да ги подобриме нештата во интерес на граѓаните.
На граѓаните им ветуваме дека овие одлуки ќе бидат последните штетни одлуки што ги донесува оваа корумпирана власт, затоа што деновите им се одбројани. ПРОМЕНАТА ДОАЃА!
Европски сојуз за промена