Бундеслигашкиот гигант Баерн Минхен ги засили своите редови за следната сезона со 22 – годишниот шпански фудбалер, Брајан Сарагоса од Гранада, јавија денеска германските медиуми.

Според информациите на порталот Спортбазер и телевизискиот канал Скај, германскиот фудбалски првак наводно за трансферот платил 15 милиони евра.

Сарагоса со Баерн ставил потпис на договор до 2028 година, но на баварскиот клуб ќе му се приклучи од 1 јуни 2024.

За услугите на 164-сантиметри високиот напаѓач на шпанска Гранада заинтересирани беа и бундеслигашот Лајпциг, како и премиерлигашот Брентфорд.

Сарагоса досега во дресот на Гранада одигра 51 натпревари и постигна десет голови, а за шпанската репрезентација дебитираше во октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2023 05:21