Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ќе ја заврши кариерата во 2024 година доколку тимот освои тројна круна.
- Ако ја освоиме тројната круна сезонава, ќе се повлечам. Тоа е сигурно. Знам дека е многу тешко. Имаше многу неверојатни тимови во Англија, но само Манчестер јунајтед предводен од Сер Алекс Фергусон, како и ние го направиме тоа, изјави Гвардиола за „Дејли мејл“.
Минатата сезона Манчестер сити ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите. Тимот стана втор во Англија по Манчестер Јунајтед кој постигна тројна круна, а Гвардиола стана првиот тренер во историјата со две тројни круни. Првата му беше со Барселона во сезоната 2008/09.
Договорот на 52-годишниот тренер со Сити истекува во летото 2025 година