Шпанскиот фудбалски стратег Тинтин Маркез е нов селектор на Катар, објави Фудбалската федерација на оваа земја.

Маркез на клупата на Катар седнува на местото на Португалецот Карлос Квеирош, кој вчера спогодбено го раскина договорот.

Шпанскиот стратег од 2018 година беше тренер на катарскиот клуб Ал – Вакра, а како тренер во минатото имаше ангажмани во Шпанија и Белгија.

Катар во моментов е првопласиран во својата група во квалификациите за Светското првенство, а под водство на Квеирош на последните 11 натпревари оствари по пет победи и порази, со еден нерешен резултат.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2023 12:45