Италијанските спортски обвинители побараа денеска четиригодишна фудбалска суспензија за играчот за врска на Јувентус, Пол Погба, која е обвинет за допинг, јавија локалните медиуми.

Погба беше суспендиран во септември годинава кога тестот на италијанската национална антидопинг организација откри присуство во неговата крв на тестостерон, кој ја зголемува издржливоста на спортистите.

Францускиот фудбалер беше тестиран по гостувањето на Јувентус во Удине, кога Погба го гледаше дуелот против Удинезе од клупата за резервни играчи.

Откако допинг тестот на Пол Погба на 20 август беше позитивен, исто така, и Б примерокот во октомври покажа дека францускиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус користел недозволени средства.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2023 13:25