Патохистолошкиот наод, микробиолошкиот и молекуларниот наод од Факултетот за ветеринарна медицина утврди дека угинувањето на жирафата Флопи се случило како последица на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови, соопшти ЗОО Скопје.

-Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивниот карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза, се вели во соопштението



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2023 13:26